Еминем клекна на сцената на неговиот настап на полувремето на „Супербол 2022“ во Инглвуд, Калифорнија. Овој чин беше всушност протест против полициската бруталност и расната нееднаквост во САД.

Западните медиуми пренесуваат дека Еминем поради тој потег влегол во конфликт со американската НФЛ, што многумина ги потсети на потегот на Колин Кеперник од пред неколку години. Но, официјалните лица на Лигата негираа дека имале какви било судири со Еминем пред или по неговиот настап.

Одговорните изјавија за „Њујорк пост“ дека спортистите на „Суперболот“ клекнуваат од 2016 година без никакви санкции и дека различни правила не важат за музичарите.

На полувремето од финалето на американското рагби, меѓу другите, настапи и Д-р Дре, кој наводно, „се чувствувал одвратно цензуриран“, бидејќи НФЛ „имала проблеми со некои негови стихови“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2022 15:38