Во четвртото тримесечје од 2021 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 5 900 641 000 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 3.6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 7.9 отсто додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 6.6 отсто.

Намалувањето е забележано кај индустриските производи, овошјето, добитокот, млекото, млечните производи и рибата, а кај другите земјоделски производи има зголемување.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2022 16:56