Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера околу 16:00 часот на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп ги лишиле од слобода Е.А. (39) и Е.Р. (35) од Прилеп, кои се сомничат дека претходно, во кругот на терминалот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, одзеле неколку предмети.
Како што информира денеска МВР, двајцата биле приведени во полициска станица, а предметите биле пронајдени и вратени на правното лице. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.