Кумановската полиција за време на викендот санкционирала вкупно 79 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи, соопшти денеска СВР Куманово.

Засилената акциска контрола била спроведена во саботата и неделата за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и прописи, при што на подрачјето на Куманово биле санкционирани 57 возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, 15 за управување возило под дејство на алкохол и седум за управување возило без возачка дозвола.

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од СВР Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2022 01:55