Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имат дел од корисниците лоцирани на улица „Никола Парапунов“, зграда 1, 3 и 5, во општина Карпош.
Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ , прекинот е поради замена на вентил на улица „Никола Парапунов“, број 3.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите.