Пожарникарите од Струмица и Радовиш вчера и синоќа по полноќ изгаснале два пожари во кои нема повредени, но е причинета материјална штета.

Како што информираа од СВР Струмица, вчера во 15:20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 14:00 часот настанал пожар во куќа сопственост на Ф.Х.(46) на улица „Шаин Маале“ во Радовиш. Пожарот бил изгаснат по интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

Синоќа во 01:37 часот на улица „Бетовенова“, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на гаснење на запалена табла со електрични броила при што делумно бил зафатен и електричен столб.

Со помош на против пожарни апарати пожарот најпрвин бил локализиран, а по пристигнувањето на екипа на ЕВН и исклучувањето на електричниот напон бил целосно изгаснат



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2022 02:30