Вупи Голдберг се врати во својата емисија „Поглед“ (The View) откако беше суспендирана од „Еј-Би-Си Њуз“ поради нејзините контроверзни коментари за холокаустот.

– Има нешто чудесно во тоа да се биде во вакво шоу бидејќи ние сме „Поглед“ и тоа е она што го правиме, рече Голберг при нејзиното враќање во понеделникот. Понекогаш не го правиме тоа толку елегантно колку што можеме, но имаме пет минути за да дојдеме до важни информации за одредени теми. И тоа е она што се обидуваме да го правиме секој ден и сакам да им се заблагодарам на сите што ми подадоа рака додека ме немаше, истакна водителката.

Таа додаде дека ѝ е чест повторно да ги води овие разговори.

– Тие се важни за нас како нација, а уште повеќе како човечки ентитети, нагласи Вупи.

Вупи Голдберг беше суспендирана на две недели од емисијата по јавно искажаното мислење дека „холокаустот не бил заснован на расизам“. Голдберг кусо потоа двапати се извини за изјавата, но за „Еј-Би-Си Њуз“ тоа не беше доволно.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2022 15:33