Екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, по налог на Град Скопје, изминативе денови ја реконструираа средишната жардиниера на булеварот „Дванесетта македонска бригада“, во Општината Аеродром

Како што соопштија градските власти, на површина од 2.761 квадратен метар жардиниерата е пополнета со квалитетна почва, поставен е нов систем за полевање капка по капка и е засеана трева. Во средишното зеленило вчера се засадија 17 садници од видот каталпа.

Уредувањето и обновата на постојното зеленило во градот и подигањето нови зелени површини е приоритет на Град Скопје за да се обезбеди чиста и здрава животна средина. Во таа насока, екипите на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве работат на уредување и подигање нови зелени површини во повеќе делови од градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2022 16:37