Како дел од мојата заложба за одговорното, транспарентно и отчетно работење, пред Вас денеска го презентирам отчетот за сработеното за првите 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Општина Илинден.
Иако наследивме исклучително тешка финансиска состојба со долг од над 4.000.000 милиони евра, сепак, Општина Илинден започна енергична и исклучително активна општинска политика, секогаш имајќи ги предвид потребите на граѓаните за подобар и поквалитетен живот.
Како најважи проекти од првите 100 дена можам да ги набројам:
Изградба на фекална канализација во локалитет „Јака“; Изградба на колекторски системи во Миладиновци, Илинден и Марино; Изградба на систем за зафаќање, третман и одведување на отпадни фекални води во Кадино; Воспоставување на гасификацски систем од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа во н.Илинден; Исчистени над 13.000 метри канали; Исчистени се 5 (пет) диви депонии на територија на Општина Илинден; Се реконструира улица 532 на потегот Марино-Кадино; Воведена е ноќна автобуска линија во Општина Илинден; За прв пат се воведува еднократна парична помош од 5.000 ден. за секое новороденче во Општина Илинден, почнувајќи од 01.01.2022; Голем број во инвестиции за подобрување на образовниот процес, како што се нов инвентар, уредување на школските дворови, замена на старата компјутерска инсталација, електронски уреди-таблети за реализација на наставната програма, санирање на системите за греење, подобрување на осветлувањето во училниците и ходниците...
Почитувани,
Општина Илинден и нејзините жители заслужуваат многу повеќе. Затоа, како Градоначалник ветувам максимално вложување и ангажман со цел реализација на нашите заеднички приоритети за кои очекувам подршка од сите општествени чинители.
Ова е голем предизвик, но Ве уверувам дека со голема посветеност и многу работа ќе успееме во нашата цел.