Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција санкционирале 151 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 07.02. до 13.02.2022 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ биле отстранети 109 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 42 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.