За луѓето што почесто ги мачи несоница, постојат домашни украсни растенија кои делуваат смирувачки и коишто треба да се имаат в соба заради поудобна и поблагопријатна атмосфера за спиење.

Алое вера

Главната предност на алоето е тоа што е лесно за одгледување и одржување. Покрај тоа што е незаменлива состојка во производите за нега на кожа, тој е и одличен избор за во Вашиот дом, затоа што ослободува повеќе кислород во текот на ноќта, што пак, го прочистува воздухот во просторијата за спиење и во домот воопшто.

Сабјица (Dracaena trifasciata, во нашето подрачје позната и како „свекрвин јазик“)

И ова растение, по потекло од Африка, не е тешко за одржување. Во текот на летото пожелно е да се полева 2-3 пати месечно, а при постудено време наводнувањето речиси непотребно. Одличен прочистувач на воздухот, а се верува и дека носи среќа.

Лаванда

Едно истражувањето докажа дека мирисот на лаванда ги прави бебињата помалку раздразливи и им помага побрзо да заспијат. Покрај како украсно растение, може да се користи и масло од лаванда.

Зелен крин

И ова растение лесно се одгледува и одржува бидејќи успева во различни услови. Зелениот крин е еден од најдобрите природни прочистувачи на воздухот, а се одликува и со солидни антибактериски својства.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2022 03:51