Четиримесечната победничка серија на Еурофарм Пелистер заврши вечерва на гостувањето во Ним, откако битолските ракометари загубија во натпревар од 7. коло од лидерот во групата Д, Ним, со 25:23 (13:12).
Иако ослабени без неколкумина стандардни првотимци, македонскиот вицешампион даде достоен отпор на гостувањето во Франција и беше рамноправен противник во текот на целиот натпревар.
Клучната предност Ним ја стекна во второто полувреме кога со серија од четири голови поведе со 18:16 и ја зачува предноста до крајот на натпреварот.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пел истер беше Граџан со седум голови.
Еурофарм Пелистер остана на второто место на табелата пред следниот дуел против швајцарски Шафхаузен на 22 овој месец во Битола.