Комитетот за односи меѓу заедниците денеска ќе оствари работна посета на СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ – Скопје.
Посетата, како што информира собраниската прес-служба, е во рамки на реализација на активностите поврзани со меѓународниот проект „Говор на омраза како валута на национализмот: институционалeн одговор во Северна Македонија“, а во контекст на образованието како суштинска алатка за зголемување на интеркултурното разбирање.
Во СУГС Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ – Скопје, воспитно-образовниот процес и наставата се одвива на македонски јазик, а турските ученици се образуваат на својот мајчин турски јазик.
Работната посета е со цел зајакнување на успешноста на институциите и нивната професионалност во однос на решавање на проблемот со говорот на омраза