Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска ќе го посетат производствениот погон на компанијата „Текспорт“ во Илинден.
Австриската текстилна компанија „Текспорт“ е лоцирана во сопствен објект со површина од 4.500 квадратни метри во економската зона Марино-Кадино. Се занимава со производство на текстилна заштитна облека.