Во текот на вчерашниот ден (15.02.2022) во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 246 пешаци. Притоа 195 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 27 за минување на црвено светло...Од нив 51 на територија на СВР Велес, 50 на територија на СВР Тетово, 35 на територија на СВР Скопје...

За време на контролата регистрирани се и 107 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2022 10:58