На 16.02.2022 во 12.45 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип на подрачјето на Штип, лишен е од слобода А.С.(27) од Кочани.
По наредба од Основен суд Кочани тој се барал за доиздржување на затворска казна во врска со сторено кривично дело „насилство“, казниво по чл.386 од Кривичниот законик.
А.С. е приведен во Полициска станица и ќе биде спроведен до Затвор Струмица за доиздржување на казната.