Општина Карпош во следните 20 дена ќе организира крводарителски акции со цел општината да даде свој придонес во обезбедување на неопходните единици на крв за лекување на оние на кои им е потребна.

-Градоначалникот Стевчo Јакимовски денеска оствари средба со економскиот директор на Институтот за трансфузиона медицина, Венко Стомнароски, при што упати замолница повторно да се активираат крводарителските акции, информираат од локалната самоуправа.

Потребата да се организираат крводарителските акции е поради зголемена неопходност од крв и крвни продукти, што поради пандемијата го намалија бројот на луѓе кои донираат.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2022 15:55