Едно лице е приведено во полициската станица Гостивар, под сомнение дека нападнал новинар на регионалната телевизија Полог.

Според СВР Тетово, полициски од Одделението за внатрешни работи Гостивар, денеска околу 17 часот и 30 минути, во село Топлица, гостиварско, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е.од гостиварското село Ѓурѓевиште.

Тој претходно бил пријавен дека пред тоа во Ѓурѓевиште го нападнал 23-годишниот Н.А.(новинар) од гостиварско Калиште. Пријавениот според пријавата во раката имал секира и упатувал закани кон новинарот кој во селото бил дојден по работни обврски.

Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2022 07:08