Гумите за џвакање без шеќер ја намалуваат опасноста од предвременото породување. Истражувањата се спроведени меѓу бремени жени во африканската држава Малави, пренесува БГНЕС.

Инспирирани е од претходни научни трудови кои покажаа врска меѓу лошото орално здравје и предвременото породување, испитувањата потврдија дека состојката ксилитол – хемикалија којашто е корисна замена за шеќер – благопријатно влјае на усната шуплина,. Кај трудниците кои џвакале гуми за џвакање имало помала веројатност од пародонтални заболувања – состојба во која ткивото околу забите се инфицира и воспалува, отколку оние кои не џвакале мастики.

Наодите се прилично охрабрувачки, според Ким Богес, специјалист по мајчина и фетална медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил, САД.

– Истражувачите пристапуваат кон многу сложен проблем во област со поретки ресурси обидувајќи се да користат нискотехнолошка, лесно применлива интервенција. Ќе бидат потребни повеќе истражувања за да се увиди дали ова може да се примени и во други услови, рече д-р Богес.

Испитувањата кои ја проучуваат пародонталната болест со предвременото раѓање датираат од пред неколку десетлетија.

Кај пародонталните заболувања доаѓа до промена на составот на бактериите во усната шуплина и се верува дека тоа предизвикува воспаление и го оштетува ткивото на непцата. Оттука, бактериите одат во крвотокот, па до други органи, на пр. плацентата, што доведува до предвремено раѓање. Гумите за џвакање кај трудниците и влијанијата врз фетусот сè уште се предмет на истражувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2022 10:34