Расчистено е кривично дело „тешка кражба“ во Свети Николе, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Во соопштението се наведува дека по преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Свети Николе расчистија кривично дело „тешка кражба“ извршено во куќа сопственост на Г.Ц. на ул.„Скопска“ во Свети Николе, за кое постојат основи на сомнение дека е извршено од М.М. од Свети Николе.
– Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против М.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Полициски службеници од Полициската станица Свети Николе вчера го лишиле од слобода 46-годишниот Д.А. од село Пеширово, затоа што во 16.30 часот физички го нападнал 54 годишниот З.К.од истото село. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.