На 17.02.2022 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.И. (34) од село Опае, општина Липково, затоа што кај него бил пронајден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,62 мм со една празна рамка.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.