Украинската натпреварувачка во боб едносед Лидија Хунко е позитивна на забранета супстанца за време на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, објави денеска Меѓународната агенција за тестирање.
Хунко, која денешната трка ја заврши на 20. место, била позитивна на 14 февруари и привремено е суспендирана.
Украинката е трета спортистка, која е позитивна на допинг контролата за време на ЗОИ во Пекинг.
Претходно, на тестирањата беа позитивни иранскиот алпски скијач Хосеин Савех – Шемшаки и нејзината сонародничка во скијачко трчање Валентина Каминска.