Во текот на вчерашниот ден (18.02.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 51 возач.

Од нив 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а шест надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2022 14:07