Во текот на вчерашниот ден (18.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 289 возачи.

Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 175 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2022 14:29