На 18.02.2022 во 15.20 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Т.А.(22) од Пробиштип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, капсули, таблети и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.