Денеска (20 февруари), педесетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 24-годишниот А.Б.од гостиварски Балиндол, осуден на тригодишна затворска казна за кривично дело "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", казниво по член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето А.Б. спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор "Идризово" во Скопје за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2022 14:05