Полициски службеници од ОВР Кичево во изминативе два дена реализираа засилени акциски сообраќајни контроли, при што санкционираа 14 лица кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.

Полицискиот портпарол Стефан Димоски посочи дека санкционираните веднаш беа исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Тој информираше дека вчера околу 15:10 часот во ОВР-Кичево е пријавен пожар на нискостеблеста вегетација во атарот на кичевското село Букојчани.

Како што рече, нема повредени лица а натамошното ширење на пожарот е спречено со навремена интервенција на ТППЕ Кичево, од каде на пожарот е интервенирано со едно возило и со двајца пожарникари.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2022 17:20