Кошаркарската ѕвезда на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, повтори во интервју за американските медиуми дека својата последна сезона во НБА лигата сака да ја одигра заедно со својот син Брони.

– Својата последна година ќе ја одиграм заедно со мојот син, рече Џејмс во интервју за „The Athletic“.

– Каде и да биде тогаш Брони, ќе бидам и јас. Ќе направам сè што ќе биде потребно да одиграм со синот една година, додаде Џејмс.

Брони Џејмс во моментов игра универзитетска кошарка и според сегашните правила ќе може да биде драфтуван во 2024 година кога неговиот татко ќе има 39 години.

Договорот на Леброн Џејмс со ЛА Лејкерс истекува на крајот од сезоната 2022/23, а тој сезонава има просек од 29.1 поени по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2022 17:34