Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за генерално чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар.

Во рамките на акцијата беа ангажирани 20 работници на терен, а отстранети се приближно 15 кубни метри неправилно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад.

Акција за генерално чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар


Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2022 11:36