Околу пет месеци по раскинувањето со пејачката Грајмс – мајка на неговиот петто дете, милијардерот Илон Маск веќе најде и нова љубов, објави „Дејли мејл“.

Неодамна објавените фотографии ги прикажуваат Илон и неговата девојка како излегуваат од неговиот приватен авион. Таа е препознаена како 22 години помладата австралиска глумица Наташа Басет, пишува „Холивуд лајф“.

Дестинацијата од којашто допатувала двојката не се знае, но „Илон галфстрим Г-650-ЕР“ (Elon Gulfstream G650ER), вреден 60 милиони евра, слетал во Лос Анџелес.

Наташа го имаше своето глумечко деби во ТВ-филмот „Дангуна“ (Dungoona) во 2009 година, а ја глумеше и Бритни Спирс во биографскиот филм од 2017 година – „Бритни засекогаш” (Britney Ever After).

Пред две години, милијардерот и пејачка Грајмс станаа родители на синот по име X Æ A-Xii (Екс Еш Еј-12). Сепак, една година по раѓањето на момчето, тие двајцата се разделија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2022 11:49