Во текот на вчерашната вечер (20.02.2022), во периодот од 18.00 до 22.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на oпштина Ѓорче Петров и Сарај.

При контролата санкционирани се 80 возачи, од кои 14 возеле без возачка дозвола. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предводените глоби.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2022 11:55