Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 263 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, 39 мерки за возење под дејство на алкохол, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 34 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возач почетник, шест мерки за користење мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2022 12:11