Градоначалникот на Ѓорче Петров даде отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот, а на фејсбук посочи дека започнуваат акции и нови проекти.

Ви го пренесуваме статусот во целост:

Реализиравме активности и акции, отпочнавме и завршуваме проекти, а сѐ со цел да имаме чиста општина, задоволни жители и Ѓорче каде постепено се решаваат комуналните проблеми.

Дел од она што направивме во овие сто дена, но и она што го планираме за идниот период, Ви го презентираме во кратко видео.

Ќе ги оправдаме вашите очекувања, сечиј проблем е наш приоритет, а секој предлог за решавање е добредојден. Ви благодарам на поддршката, вие сте мотивацијата поради која што го менуваме #Ѓорче во урбано, модерно и хумано!



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2022 12:27