Три лица физички нападнале вработен во кумановското претпријатие „Чистота и Зеленило“, соопшти денеска СВР Куманово. Насилството во полицијата го пријавил колега на работникот.

– Вчера во 16:15 часот во СВР Куманово, Г.П. – вработен во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово, пријавил дека на Градска депонија „Краста“ неговиот колега Д.М.(46) од Куманово бил физички нападнат од М.Џ. (22), С.Џ. (51) и Н.Џ. (50) со тврд и метален предмет, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2022 12:43