Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП). Тие го запознаа со нивната работа, но и посочија дека немаат регулиран статус, а со тоа и здравствено и пензиско осигурување.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, претставниците на Асоцијацијата го запознаа Пендаровски и со заложбите за создавање услови за квалитетно едуцирање на туристички водичи и придружници, со цел обезбедување квалитетни и професионални услуги.