Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи од утре ќе престојува во Дубаи, каде се одржува глобалниот саем ЕКСПО.
– На 22.02.2022 година (вторник) со почеток во 13:00 часот (16:00 часот локално време во Дубаи), ќе се одржи официјалната церемонија и прослава на Националниот ден на Република Македонија на глобалниот саем ЕКСПО кој се случува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, стои во соопштението од владината прес-служба.
Во среда ќе се одржи бизнис конференцијата со почеток во 7:30 часот (10:30 часот по локално време во Дубаи) на која најавено е обраќање на вицепремиерот Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, како и на претставници од четирите комори.
Како дел од посетата, делегацијата ќе одржи состаноци и со претставници од Владата на Обединетите Арапски Емирати, како и со претставници на коморите и компании.