Денес заедно со ЈП Водовод и Канализација, од пунктот во Општина Бутел, во најбрзо време саниравме голем уличен дефект на водоводната мрежа ф-150 mm на улица Рудо.

Изминатиот викенд исто така на неколку позиции во Општина Бутел каде што беше пријавен дефект навремено беа санирани и во целост поправени дефектите во водоводната мрежа. Се координираме со јавните претпријатија за навремено да ги решаваме проблемите на терен.

Продолжуваме активно со работа во служба на граѓаните на Општина Бутел!



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2022 23:57