Глумицата Наташа Басет, која е во врска со ексцентричниот 50-годишeн милијардер Илон Маск, била прашана што ја привлекло кај него, а таа наводно одговарила „неговиот ум“.

– Наташа работи напорно за да ја изгради својата кариера и, иако сега не му пречи да се знае за нивната врска, тој ја поддржува нејзината желба да биде позната по својата работа, а не како девојка на Илон Маск, велат негови пријатели анонимно за западните медиуми.

Австралиската глумица беше снимена минатата недела како се симнува од приватниот авион на Маск во Лос Анџелес, а пријателите потврдија за медиумите дека тие се заедно по неговото раскинување со пејачката Грајмс. Басет оваа година ќе се појави во филмот „Елвис“, каде што ја глуми неговата прва девојка Дикси Лок.

Маск се раздели со Грајмс пред пет месеци, кои го имаат едногодишниот син Екс Еш. Покрај тоа, тој има деца и од првиот брак со писателката Џастин Маск. Потоа двапати се ожени и двапати се разведе од глумицата Талул Рајли.

„Форбс“ неодамна го прогласи Маск за најбогат човек на светот, со 233,6 милијарди долари на неговите сметки.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2022 12:17