На Кортни Кокс ѝ е удобно во својата кожа и, „со нетрпение очекува“ да наполни 60 години, што треба да се случи за неколку години.

– Се чувствувам младо. Имам многу пријатели во нивните 30-ти и не размислувам за тоа. За мене ние сме на иста возраст додека, всушност „не го проучам“ тоа, изјави ѕвездата од „Пријатели“ и серијалот филмови „Врисок“ за „Сандеј тајмс“.

Секако, и за неа е тешко да поверува дека 2-3 години ќе го достигне своето седмо десетлетие.

– О Боже, тешко е дури и да се слушне или каже тоа. Не, не можам да верувам. Нема ништо лошо во тоа да имаш 60 години, едноставно не можам да поверувам. Времето минува толку брзо. Но, нема сомнение дека сум „поприземјена“, научив толку многу во мојот живот – во што да уживам, што да направам повеќе и кога да се откажам, вели таа.

Кокс неодамна претходно објасни зошто веќе не употребува ботокс и „научила да го прифаќа“ своето вистинско лице. Сега, вели таа, се помирила со стареењето.

– Едно време си велите „О, јас се менувам. Изгледам постара“… И се обидував „да ја бркам“ таа младост со години. Сѐ дури не сфатив дека, со овие г**нарии – инјекциите, всушност изгледам навистина чудно и правам работи со моето лице што никако не би ги направила сега, раскажува Кокс.

Едно нешто што Кокс не го доживеала додека растела, е притисокот на социјалните мрежи, коишто таа ги искусува како мајка на 17-годишната Коко – нејзината ќерка со поранешниот сопруг Дејвид Аркет. Глумицата знае дека Коко има стотици илјади следачи на Инстаграм кои го гледаат секое нејзино движење.

– Не ми се допаѓа што таа има толку обожаваели. Едноставно ми е чудно. Што ги привлекува луѓето?, се прашува Кокс.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2022 13:39