Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во четвртото тримесечје од 2021 година изнесува 11 700 000 и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 16,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 12,5 проценти, во приградскиот за 24 проценти, во меѓуградскиот за 5,9 проценти, а во меѓународниот превоз за 156,9 проценти.

Во четвртото тримесечје од 2021 година, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 41,4 проценти. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 13,3 проценти, во приградскиот за 7.8 проценти, во меѓуградскиот превоз за 20,1 процент, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 111,1 процент.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2022 15:32