Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, во целост ги демантира како невистинити ставовите на порашениот директор на ЈУГД Детска Радост Скопје, Анета Петровска, а поврзани со постапката за нејзиното разрешување.

Имено, од страна на вработен ревизор во општина Гази Баба е спроведена ревизија на работењето на ЈУДГ Детска Радост Скопје и е изготвен извештај со утврдени наоди. Ревизорот беше вработено лице на работно место Советник – внатрешен ревизор, за кое согласно член 36 став 3 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола се утврдени критериумите кои ревизорот ги исполнува и направената ревизија е согласно Закон.

На ден 14.02.2022 година управниот одбор на ЈУДГ Детска Радост на седница во присуство на преставници на Министерството за труд и социјална политика, а врз основа на член 124 и 125 од Законот за заштита на децата усвоил предлог за разрешување на директорот Анета Петровска, кој предлог на 15.02.2022 година го доставил до градоначалникот на општина Гази Баба.

Согласно член 125 став 5 од Законот за заштита на децата, градоначалникот е должен да во рок од пет дена од приемот на предлогот на управниот одбор го разреши директорот. Градоначалникот Стефковски постапувајќи по барањето на управниот одбор на ден 17.02.2022 година донесе Одлука за разврешување на директорот на ЈУДГ Детска Радост Анета Петровска. Целокупната постапка е водена согласно одредбите од Законот за заштита на децата. Ставовите дека се работи за постапување надвор од Законот се невистинити и истите ги демантираме.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2022 16:38