Ќе се реконструира кровната конструкција на дел од ООУ „Страшо Пинџур“ во Даме Груев, поточно на фискултурната сала. Правиме максимални напори да обезбедиме соодветни услови за квалитетно образование на нашите најмлади жители. Иднината е во децата, а образованието е многу значаен сегмент од животниот процес.
По тој повод, денеска потпишавме Меморандум за соработка меѓу МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC , проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, општина Ѓорче Петров и ООУ „Страшо Пинџур“.
Во рамки на реализација на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (компонента 3), локалната заедница за овој проект партиципира со средства од минимум 25 отсто, а вкупната инвестиција чини 1.200.000 денари.