Влијателниот рок-музичар Марк Ланеган почина на 57-годишна возраст во својот дом во Киларни, Ирска. Смртта на гранџ-иконата беше потврдена и на неговиот Твитер-профил.
„Нашиот сакан пријател Марк Ланеган почина утрово во својот дом во Ирска. Омилениот пејач, текстописец, писател и музичар имаше 57 години, а зад себе ја остави сопругата Шели. Засега нема други информации“, се вели во известувањето.
Ланеган беше пејач на „Скриминг трис“ од 1985 до 2000 година, а беше познат и по неговата работа со бендови како „Квинс оф Стоун Ејџ“, „Мед сизон“, „Гатер твинс“ и другите многубројни соработки. Иако не се причините за смртта, странските медиуми јавуваат дека тој боледувал од бубрежна болест.