Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе бидат неколку улици од општините Аеродром и Кисела Вода.
Во период од 8 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Тодор Чангов“ број 31, од 9 до 14 часот дел од улица „Румена Хаџипанзова“ околу бројот 34 и во период од 9 до 15 без струја ќе бидат корисниците од улица „Славка Динкова“ од број 44 до број 127.