Осумнаесет годишно момче ноќеска во Тетово бил приведен затоа што одбил да се идентификува пред полициски службеници. Според информацијата на СВР Тетово кај него бил пронајден метален боксирач.
-Ноќеска дваесетина минути по полноќ, во централното подрачје на Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 18-годишниот тетовец В.Л., кој одбивал нивна наредба и не поседувал никакви документи за идентификација и кај кого бил пронајден метален боксирач. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 80 од Законот за оружје, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од СВР Тетово информираат дека е повикан во полициска станица 45 годишник од Долно Палчиште кој бил пријавен дека на улица „Илинденска“ во Тетово се обидел физички да го нападне и му се заканувал на дваесет и деветгодишенин жител на Тетово.