Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен стружанец, осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
– При извршен претрес на 21 февруари годинава, во гаража, која осомничениот ја користел во близина на неговиот дом во Струга, полициските службеници пронашле наркотична дрога марихуана. Дрогата која осомничениот неовластено ја држел заради продажба, била со вкупна тежина од 433,8 грама, спакувана во една најлонска кеса, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Струга, како што е наведено, доставил предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постоеле околности, кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да влијае на сведоците