Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги искажа своите впечатоци од својот настап во второто коло на турнирот во Акапулко, Мексико.

Поранешниот прв рекет на светот ноќеска го победи Стефан Козлов со резултат 6:0, 6:3.

– Натпреварот беше малку чуден. Стилот на Козлов е различен од повеќето други играчи, па морав да бидам внимателен. Ако играш во неговиот ритам, станува тешко. Добро ја контролира задната линија, тој е многу паметен тенисер. За мене беше важно да победам што е можно побрзо. Но, главната работа е победата што ја освоив во два сета, тоа е одлично, изјави Надал на прес-конференцијата по мечот.

Надал ја започна новата сезона со 12 победи во 12 меча.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2022 12:27