Службеници од Полициската станица Штип вчера ја лишиле од слобода В.К. (49) од Штип која била барана за издржување на затворска казна поради „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, В.К. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2022 14:39