Сопственик на продажен објект од Куманово бил измамен од едно лице за 2.900 денари, соопшти денеска кумановската полиција.

– Вчера во 16:50 часот во СВР Куманово, 53-годишен маж од Куманово, сопственик на продажен објект во Куманово, пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.900 денари. Според пријавеното, лицето му побарало да му подготви неколку кутии со прехранбени производи и откако пријавителот почнал да ги подготвува лицето му побарало пари за наводно да го плати карго превозот, но не се вратило, се наведува во соопштението на полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2022 01:22