Во текот на вчерашниот ден (24.02.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

Притоа, санкционирани се 293 пешаци од кои, 253 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 33 за минување на црвено светло... Од нив 77 на територија на СВР Скопје, 47 на територија на СВР Битола...

За време на контролата регистрирани се и 146 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2022 13:01